“Викиликс“: Москва знае каде се крие Ратко Младиќ

9 декември, 20100

Русија можеби има информација каде се крие српскиот генерал Ратко Младиќ, пишува весникот “Гардијан“, повикувајќи се на тврдења на Миодраг Ракиќ, советник на претседателот на Србија, Борис Тадиќ. Во една од депешите што протекле од “Викиликс“ од американската амбасада во Белград, која во Вашингтон ја испратила Џенифер Браш, вработена во амбасадата, било наведено дека Ракиќ на 25 август 2009 година на Браш и кажал дека Младиќ се крие некаде во Србија. При тоа, додал дека во криењето му помагале “странски извори“. Браш напишала дека Ракиќ во завиена форма посочил дека Москва има подобри информации и до Владата на Србија за точната ситуација во врска со хашкиот бегалец. “Русија не излегувала во пресрет на барањата на Србија за помош во лоцирање на Ратко Младиќ“, било наведено во депешата.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi