148 лица заробени во воз на 13 степени под нулата

slobodan27 декември, 20101min00
2015312

Околу 148 лица повеќе од три часа биле заробени на температура од 13 степени под нулата. По три часа до возот конечно се пробиле спасувачките екипи и автобусите кои требало да ги пренесат патниците. Патничкиот воз застанал во снегот на северот на Шпанија крај местото Реиноса поради проблем со електричната инсталација. Околу 148 лица повеќе од три часа биле заробени на температура од 13 степени под нулата.
Откако до возот се пробиле автобусите и спасувачките екипи, патниците биле извлечени од возот. Патниците се смрзнувале бидејќи поради проблемот со електричната инсталација било исклучено и греењето. За среќа, ниту еден од патниците не бил повреден.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma