3 дел од најпознатите шпиони во историјата на шпионирањето: Рудолф Абел Иванович

24 септември, 20100
Rudolf Abel Leaving Court

Хејханен станува Маки. Од јули 1949 година, до октомври 1952 година, Хејханен престојувал во Финска и го воспоставувал новиот идентитет како Американец. Во текот на овој период, тој беше исклучително претпазлив за да избегне сомневање и привлече било какво внимание кон себе – неговите советски супервизори од него сакаа да биде прифатен како обичен, вреден граѓанин. Овие лажни градби на идентитет, се разбира беа само дел од подготовките за тој да влезе во нова шпионска задача. Во Финска Хајханен се сретна и ожени со Хана Курика, која го придружуваше во САД 4 месеци откога тој стигна таму. Таа го знаеше единствено како Јуџин Маки и ништо за неговиот претходен живот. На 3 јули 1951 година, Хејханен кој тогаш живееше во Турку, Финска ќе ја посети Американската амбасада во Хелсинки. Тој пред заменик конзулот покажал извод од матична книга од државата Ајдахо, на кој стоело каде и кога е роден и му објаснил дека неговото семејство ги напуштиле САД во 1928 година. Кажал дека ја придружувал мајка му во Естонија, кога имал 8 години живеел со неа, се до нејзината смрт во 1941 година. Заминал од Естонија за Финска во јуни 1943 година, и живеел таму бидејќи немал доволно средства со кои може да си обезбеди транспорт до САД. Една година подоцна му бил издаден пасош на име Јуџин Маки. Користејќи го овој пасош, тој испловил на 16 октомври 1952 година од Англија до Њујорк и пристигнал на 21 октомври. Неколку недели пред тој да замине за Америка, бил повикан од Москва и претставен на Советскиот агент Михаил, кој требаше да му биде претпоставен во шпионската задача. Со цел да воспостави контакт со Михаил во САД, на Хејханен му беше наложено дека по пристигнувањето во Њујорк ќе треба да оди во таверна во Централ парк. Во близина на таверната ќе треба да пронајде знаци во вид на коњски карти. “Ќе му дадеш на Михаил до знаење дека си пристигнал, на тој начин што ќе ставиш црвен обележан палец во таа насока, а доколку почувствуваш дека си под надзор или набљудување од Американци, ќе ставиш во бела боја”, му пренел официјален Советски претставник.
Хејханен се враќа во САД
Информациите кои тој ги откри на американските претставници во Париз, во мај 1957 година, беа веднаш прегледани. Немаше прашања за нивната точност. Соодветно на тоа, се обезбеди авион и му беше одобрено да се врати во САД. По неговото пристигнување во Њујорк на 10 мај 1957 година, му беше извршен темелен физички преглед и беше испрашуван од најдобрите ФБИ агенти. Од есента 1952 до почетокот на 1954, тој рекол дека Михаил бил негов супервизор во шпионските операции во Њујорк. Тие се среќавале само во неопходни ситуации, на места како паркови, метро станици. За размена на пораки и разузнавачки податоци тие користеле “мртви капки“ на незабележителни скриени места во областа на Њујорк. Еден од овие “мртви капки“ знаци, била железната ограда на крајот од седмата авенија, близу Макомбс мостот. Друг знак била и една светилка во Форт Трион парк. Исто така, Јуџин споменал дека во една од мртвите капки постои дупка во цементираните скали во Проспект парк, каде ФБИ пронашол шуплив штраф. Бил околу два инча долг и една четвртина во дијаметар, и во него имало повторно машински напишана порака: “Никој не дојде на средбата во 8, а ни во 9…Зошто? Треба да биде внатре или надвор? Да не е времето погрешно? Местот изгледа во ред. Ве молиме проверете”.
Штрафот беше пронајден на 15 мај 1957 година. Тој бил ставен на тоа место уште пред две години, но како игра на судбината, екипаж за поправка ја пополнил дупката со цемент и штрафот останал таму со напишаната порака. Прашан за шупливиот штраф, Јуџин рекол дека трик контејнери биле доста често употребувани во шпионажата, меѓу предметите со кои бил снабдуван од Советскиот сојуз биле шупливи пенкала, моливи, завртки, батерии, парички, во некои случаи магнетизирани, така што би можеле да се придржуваат за метални предмети.
Шупливи парички
Во скромниот дом на Хејханен и неговата сопруга во Пекскил во Њујорк, ФБИ агентите пронашле 50-марка паричка од Финска. Истата била шуплива и постоела мала дупка во првата буква А од зборот Тасавалта, на задната страна на паричката. ФБИ агентите веднаш ја испитале оваа монета на 17 мај 1957, и веднаш заклучиле дека постои голема сличност меѓу неа и Џеферсон паричката која ја имаше пронајдено младиот доставувач во Бруклин, во 1953 година. Две различни парички очигледно биле користени за овој трик и исто така, двете имале дупки и никел. Иако ФБИ беше убеден дека конечно ќе можат да го решат случајот со Советската шпионажа, еден дел од тајната на Џеферсон паричката – кодираната порака, сеуште не беше откриена. За време на интервјуата Хејханен беше темелно испрашуван за кодовите и криптосистемот кои ги користел во разузнавањето. Сите информации кој тој ги дал биле применувани на микрофотографијата пронајдена во паричката од Бруклин. Сепак, по долгите напори за дешифрирање на пораката, мистеријата конечно беше откриена на 3 јуни 1957. Таа порака била наменета за Хајханен и испратена од Советскиот сојуз, непосредно по неговото пристигнувањето во Њујорк. На пораката било напишано следново:
1. Ви честитаме на успешното пристигнување. Го потврдуваме приемот на вашето писмо на адресата В повторуваме В и читањето на писмото 1.
2. За организација на покритие, испративме упатства за издавање на три илјади во локална валута. Консултирајте се со САД пред инвестирање во било каков бизнис и примете советување за карактерот на бизнисот.
3. Според вашите барања, ние ќе испратиме формула за подготовка на филм и вести одделно, заедно со писмото на вашата мајка.
4. Премногу е рано да ви испратиме Gammas. Пишувајте со мали букви, и сите информации за вас, работно место, адреса итн. не смеете да ги пишувате во една порака, пренесете ги во повеќе одделни.
5.Пакетот беше доставен до вашата сопруга лично. Се е добро со семејството, ви посакуваме успех. Поздрав од колегите. Број 1. 3ти декември. (крај)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *