
4G може да завземе голем дел од корисниците на бежичните мрежи, откако компанијата Sprint Nextel ја пушти во понеделникот WiMAX 4G мрежата во Њујорк. Од компнијата најавија дека новата генерација на безжични услуги е достапна во градот и околните области, а за многу брзо и во другите Американски држави. Новата услуга и првиот 4G може да понуди безжична брзина на интернет до 10 пати побрз отколку 3G услугите. За да се користи оваа технологија се подразбира дека треба да се има 4G способни телефони, кои моментално на пазарот се само неколку како на пример Samsung Epic 4G и HTC EVO 4G, како и iPad, лаптоп компјутерите, конзолите за игри.