Вкупно 248 филмови се пријавени за кандидати за Оскар на популарноста, информирала Американската академија за филмска уметност и наука. Услов за еден филм да влезе во конкуренција мора да се прикажува најмалку седум дена по ред во Лос Анџелес, најдоцна до 31 декември до полноќ, пренесуваат американските медиуми. Во соопштението од Академијата се наведува дека номинациите ќе се објават на 25 јануари. Церемонијата на 87– от по ред Оскар ќе биде на 27 февруари во Кодак театар во Холивуд.
Извор: Нетпрес