Анчелоти: Не можам да спијам од проблеми

5 декември, 20100

Италијанецот се обидува да ја реши енигмата поради што Челзи одеднаш почна да игра лошо? Менаџерот на Челзи Карло Анчелоти изјави дека не може да спие по серијата лоши резултати на неговиот тим и ги повикува својте играчи да се разбудат. “Сините” освоија само 2 од последните 12 бода во Премиер лигата. Следува мечот против Марсеј во Лигата на Шампионите пред многу важните натпревари во домашното првенство. Клубот од западен Лондон, ќе има три меча со Тотенхем , Манчестер Јунајтед и Арсенал во следните три кола. Овие натпревари ќе можат да ја одредат судбината на клубот како и на самиот менаџер. Последната низа на Челзи е најлоша во последните десет години, а Анчелоти смета дека работата му е безбедна. “Не ме загрижува работата. Загрижен сум само како да играме подобро и да имаме подобри резултати. Не е одлуката на мене за мојата рабоата и затоа не чувствувам притисок поради тоа” изјави италијанецот околу евентуалниот отказ кој може да го заработи и се сврте кон ремито со Евертон во саботата. “Не покажавме голема желба во второто полувреме. Беше лошо и морам да сватам што се случи. Ова е нашата најлоша серија во последните десет години и мислам дека е време да се пробудиме. Мораме посилно да работиме и да почнеме да ја играме нашата игра” заклучи разочараниот Анчелоти.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *