Астон Мартин Lagonda пристигнува на патот

8 ноември, 20100
aston-martin-lagonda-concept_31-615x272

Астон Мартин официјално потврди дека Лагонда концептот кој го прикажаа на авто шоуто во Женева 2009 година, започнува со сериско производстцо. Лагонда е луксузен автомобил на иднината, изјави извршниот директор на Астон Мартин, нов облик и иновативни технолошки решенија и материјали. Овој автомобил особено ќе биде фокусиран кон пазарите на Кина, Русија и Блискиот исток, каде овие луксузно спортски автомобили се многу популарни. Со враќањето на Лагонда, Астон Мартин ја исполнува својата визија. Модерната ера за овој производител на автомобили започна во 2001 година, со лансирање на V12 Vanquisha . Во годините кои следеа Астон Мартин лансираше четри нови модели кои станаа лидери во својата класа, и со тоа ја вратија GT категоријата и ги редефинираа принципите во автомобилскиот дизајн. Наградувани производи на оваа компанија се DBS, DB9, Vantage. Rapide и One-77, се едни од најдобрите автомобили некогаш направени, судејќи по високите перформанси, елегантни и многу добро дизајнирани. Кога Порше го лансираше моделот Cayenne светот беше шокиран и помалку скептичен како тој модел ќе се покаже на пазарот, но откако се направи успех со овој модел, сигурно има место и за новиот Лагонда на Астон Мартин. Неколку работи кои можеби не ги знаете за Лагонда: таа е основана во 1899 година, со производство е започнато во 1909 година, веќе наредната 1910 година Лагонда започна да ги извезува своите автомобили во Русија, Лагонда победи на Le Mans во 1935 година, Астон Мартин на чело со Дејвид Браун ја купи англиската компанија Лагонда во 1947, во 2009 Лагона прослави сто годишница од производството на автомобили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi