Двајца мажи од Висконсин се обвинети за силување на жена. Жената на возраст од 32 години, во изјавата која ја дала во полиција додала и дека била нападната и заплашена со змија. Се почнало кога еден од мажите ја поканил во неговата спална соба, за да и ги покаже сликите од неговите деца. Потоа била удрена во главата, при што паднала на земја. Едниот од нив ја држел а другиот ја силувал. Таа не знаела да каже каков вид змија била употребена во инцидентот.