Во предвечерјето на Самитот на Европската Унија во Брисел каде германската канцеларка Ангела Меркел има намера да ги одбие заедничките “еврообврзници“, германскиот весник “Блид“ објави неколку вистина околу кризата во која се најде еврото како последица на финансиските проблеми на неколку земји членки на еврозоната.
1. Должниците се сами виновни
Пред се’ земјите од југот на Европа во текот на изминатите години насобрале огромни долгови, а реформите ги преспаа. Грчкиот долг, на пример, од 2001 година двојно се зголемил. Поради тоа не може да им помогне никаков заем, туку буџет насочен кон штедење и реформи.
2. Еврообврзниците преставуваат повик на растурање пари
Земјите со големи долгови во моментов плаќаат мега-камати (и до 11 отсто) за нови кредити. Ако има заедничко позајмување на ЕУ, каматите ќе се намалат – што би можело да се протолкува како повика за растурање евтини пари кои се впумпуваат во земјите.
“Ако некои земји треба да бидат гаранти за долговите на цела Европа, тоа за ефакт има само драматично слабеење на иницијативит државната економија да се води штедливо“,смета министерот за надворешни работи на Германија Гвидо Вестервеле.
3. Штедливите плаќаат за расипниците
Ниту еден штедлив домаќин нема да се согласи да им ги плаќа долговите на своите 26 распинички соседи за да ги спаси од големи камати.
4. Проблемите се одложуваат
Со европските заеми земјите должнички би добиле на време. Причините за долговите, како преголеми државни расходи, а премали државни приходи и понатаму би продолжиле да постојат.
5. Со тоа се кршат прописите на ЕУ!
Заедничкото преземање на долговите на другите земји во ЕУ е спротивно на Лисабонскиот договор. Според него, ниту една земја не смее да преземе долг на друга.
Извор: Нетпрес