Цените на нафтата денеска се искачија на повеќе од 90 американски долари за еден барел, по извештајот за падот на залихите на петролеј во САД, втора по ред седмица, што укажува на засиилување на побарувачката, јави АП, пренесува Нетпрес. Лесната нафта за февруарска испорака поскапела за 19 центи и денеска чини 90,01 долари за барел. Поскапувањето на нафтата, која на почетокот на месецов го достигна двегодишниот рекорд од над 90 долари, подржано е со зголемување на цените на акциите на берзата. Истовремено, јакнењето на доларот ја прави нафтата поскапа за вложувачите, кои користат други валути. На лондонската берза, северноморската нафта од типот Брент поскпела за 30 центи и сега чини 93,50 американски долари за еден барел.
Извор: Нетпрес