Четврти ден како владее хаос низ улиците на Рио де Жанеиро

24 ноември, 20100

Членовите на бразилските банди, денеска палеа автобуси и автомобили во Рио де Жанеиро, каде бандите по четврти ден се во борба против полоцијата, која тргна да ги чисти опасните населби: Денеска погинале 13 лица во овие немири. Бранот на насилство ја стави во сенка способноста на овој град да биде домаќин на Светското првенство во фудбал 2014 година и на Олимписките игри кои треба да се одржат две години подоцна. Полицијата јави дека во судирите загинале 13 лица кои биле осомничени за шверц на дрога, и дека уште 25 лица биле уапсени. Напаѓачите отвориле оган врз полициска станица. Насилството почна во неделата, со неколкуте нападите врз полициските станици и автомобили. Градските власти тврдат дека ова биле последните “очајнички обиди” на шверцерите со дрога да создадат паника, откако полицијата најави акција против криминалот и накробосовите, низ опасните населби во Рио. Околу шест милиони жители на Рио де Жанеиро живеат во овие импровизирани, полу-легални населби, од кои некои се толку опасни, што ни полицијата не се осмелува да влезе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi