Чоколадата и водата ја ублажуваат болката

5 декември, 20100

Парче чоколада или една чаша вода, опушта и ја ублажува болката, според последното истражување на американските експерти. Тие откриле дека со пренасочување на вниманието од болката, кон уживањето во јадењето, дејствува како природен аналгетик. Доктор Пеги Мејсон од Универзитетот во Чикаго вели дека луѓето кои учествувале во студијата чувствувале помалку болка додека јаделе чоколадо или пиеле вода. Ефектот на овие јадења е многу силен. И многу претходни истражувања покажаа дека јадењето ја ублажува болката. Сепак, ова е првата што покажува дека храната и пијалоците делуваат како аналгетици и без чувство на глад или жед, поточно, ги конзумирате и кога не чувствувате глад или жед. Во текот на студијата на учесниците кои имале симптоми како што се: главоболка, замор, настинка или проблеми со стомакот е дадена чоколада или вода. Беше забележано дека учесниците кои јаделе чоколадо чувствувале помала болка. Експертите сметаат дека ова е поради задоволството кое го имаме кога ја јадеме омилената храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *