
Дедо Мраз на затвореници им фрлал преку сид марихуана и мобилни. Анонимен Дедо Мраз, веројатно со цел да им го разубави Божиќот на затворениците во Битиз, јужно од Прага, преку ѕидовите им фрлал пакетчиња марихуана и мобилни. Несреќа е што тие божиќни подароци виле веднаш откриени сабајлето од стражарите, кога тргнале во преглед на дворот од затворот. На Божиќ сакал некој да ги израдува затворениците, во пакетчињата имало пет мобилни телефони, три полначи и 25 грама марихуана, изјавила портпаролката на локалната полиција Ленка Павлова за чешките медиуми.