
Неколку француски компании почнаа да произведуваат луксузни модели на скии за зимски спортисти со длабоки џебови. Станува збор за скии, кои се направени од ретки и скапи материјали, како што се бело злато и абонос, украсени со дијаманти. “Нашите клиенти се во потрага по совршенство. Тие се богати и сакаат да се одвојат од другите, но тие се исто така големи љубители на зимски спортови,” изјави претставник на “Бохемија”, која годишно произведува околу 600 пара скии, со просечна цена од 2.000 евра за пар. Најскапите скии во светот – се од титаниум со орнаменти од дијаманти и бело злато, чија цена достигнува 42.000 €, во продукција на Lacroix. “Овие луксузни скии се направени да ги задоволат чудниот вкус на руските милијардери, желни да го привлечат вниманието на многу модерните скијачки центри.