Дете ја убило мајката поради видео игра

15 ноември, 20100

Интернет игра била кобна за една жена од Јужна Кореја. Нејзиниот син за време на караницата ја убил, а потоа се самоубил. 15 – годишното момче се обесило, откако ја задавило својата мајка во нивниот дом во крајбрежниот град Бусан. На убиството му претходела караница, жената приговарала дека синот играл компјутерски игри, изјавил полициски претставник Јун Јо –ил, објавија агенциите. Малолетникот оставил проштално писмо во кое ги објаснил причините за убиството. Властите во Јужна Кореја процениле дека околу два милиони луѓе во државата биле зависни од интернет и видео игри. Повеќе од 90 отсто од домаќинствата имале пристап во интернет.

Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *