Димот од цигарите штетен и за луѓето од околинта

23 ноември, 20100

Вдишувањето на чадот од цигарите предизвикува оштетување на кардиоваскуларниот систем, а особено кај бебињата, и кај малите деца со прекумерна тежина. Во американската студија, изведена во Универзитетот Охајо, последиците од вдишување на чадот од цигарите биле мерени со маркери кои укажуваат на оштетувањето на крвните садови. Се покажало дека двојно повеќе сериозни оштетувања има кај малите деца, кои не се прооделе, како и кај постарите деца со поголема телесна тежина од другите врсници. Луѓето изложени на пасивно пушење исто така, се со зголемен ризик за губење на слухот, тврдат американските научници од Универзитетот во Мајами и во Флорида. Нови наоди прибрани од 3307 испитаници покажуваат дека чадот од цигарите, од околината, може да го наруши протокот на крв во малите крвни садови во внатрешноста на увото, што доведува до недостаток на кислород, собирање на токсични супстанции и појава на трајни оштетувања. Научниците тврдат дека просечниот човек изложен на пасивно пушење има послаб слух за една третина, без разлика на фреквенцијата на звуци. Истражувањето кое било спроведено во Хонг Конг помеѓу основните и средните училишта покажа дека пасивното пушење може негативно да влијае на училишните оценки. Истражувачите, објаснуваат дека сите овие појави се јавуваат заради токсичните состојки на чадот од цигарите, присуството на олово, арсен и амонијак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi