Актерот Адриан Броди го доби судскиот спор со креаторите на филмот “Giallo”. Судот во Лос Анџелес донесе одлука која е во корист на актерот, затоа што филмот немал дозвола да биде пуштен, се додека целосно не му се исплати хонорарот за одглумената улога во филмот. Тој ја имаше улогата на агент од FBI, кој го гони серискиот убиец во Италија. Адриан тврди дека не му се исплатени уште 640.000 долари.