Жителите на Lohegaon, India се жалат од непознато суштество кое ги напаѓа и ги јаде птиците и домашните животни. Животното доаѓа секое утро во седум часот и напаѓа, се жалат мештаните. Тие неможат да го идентификуваат животното. Кажуваат дека е црно, има глава како куче, има долга црна опашка и како дух успева да нападне и да избега и во нај безизлезните ситуации. Во тек на десет дена тоа изело 45 гулаби и една коза. Мештаните ставале секакви замки, но никако не успевале да го фатат животното, секогаш успевало да избега и да се сокрие во шумата. Претставници од здружението за заштита на флората и фауната се трудат да го објаснат случајот, па според описот претпоставуваат дека е некоја цибет мачка, но по исказите дека може да изеде коза може да биде или леопард или човек.