Џоли му го скршила срцето на Миг Џегер
Во новата неавторизирана биографија на Анџелина Џоли, што ја напиша Андру Нортон, се наведува дека Миг Џегер бил заљубен во познатата холивудска ѕвезда. Пејачот и глумицата се запознале во 1997 година на снимањето на спотот “Anybody Seen My Baby”. Наводно тогаш Џегер се заљубил во Џоли, иако неговата сопруга веќе го носела нивното четврто дете.
Нортон напишал дека пејачот бил заљубен во неа две години, а мајката на Џоли наводно се потпирала на тоа дека нејзината ќерка ќе се омажи за нејзиниот идол од младоста. Но Џоли останала сосема ладна према некогашниот секс симбол, па наместо нејзиниот му го дала телефонскиот број од својата мајка. Миг се обдувал на секакви начини да ја освои, а го излудувала рамнодушноста на глумицата.