Силна експлозија што доцна синоќа се чула во околината на населба Дебар Маало, во центарот на Скопје ги вознемирила локалните жители. Според полицијата, синоќа околу 21,50 часот во дворот на А.О. (64) на улицата Ѓорѓи Пулевски во Дебар Маало биле предизвикана експлозија, неофицијално од рачна бомба. Детонацијата се чула речиси низ целата населба, но предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата на А.О. , за среќа нема повредени. Мотивите за нападот, како што велат од полицијата, се уште се непознати, а по бомбашот интензивно се трага.
Извор: Нетпрес