Епидемија на морбили и во Скопје

24 ноември, 20100

По Струмица и Куманово, денеска и во Скопје е прогласена епидемија на морбили по одлукана Комисијата за заразни болести, а на предлог на Центарот за јавно здравје – Скопје, информираше денеска Министерството за здравство. Податоците на здравствените власти говорат дека досега се регистрирани 141 случај заболени од морбили, 21 од нив со во Скопје, 75 во Куманово и 45 во Струмица. Деведесет и пет отсто до заболените, велат од Здравство, се деца од претшколска возраст и кои не се вакцинирани против морбили. Дел од предложените засилени противепидемиски мерки е вакцинацијата на сите невакцинирани или непотполно вакцинирани лица на возраст од шест месеци до 14 години и препорака за вакцинирање на сите невакцинирани лица или непотполно вакцинирани од 15 до 40-годишна возраст, како и редовно пријавување на заболените од морбили до надлежните служби. Морбилите се високо заразно респираторно заболување кое се манифестира со температура, катарални симптоми (најчесто со кашлица, гребење во грлото, повраќање и сл) и осип којшто постепено се спушта од лицето кон долните екстремитети. Што се однесува до состојбата со варичела, Комисијата за заразни болести заклучи дека нема драстични отстапувања во податоците за заболени од варичела во претходните години, споредбено со оваа година.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi