ЕС:2010-рекордна по бројoт на природни катастрофи и загинати

slobodan26 декември, 20101min00
haiti-earthquake

Годинава што изминува е рекордна според бројот на природни катастрофи во светот, изјавила еврокомесарот за хуманитарна помош и реакција во кризи, Кристалина Георгиева, објавуваат европските медиуми, пренесува Нетпрес. Таа рекла дека повеќе од 300.000 лица низ целиот свет станале жртви на разни стихии. Според неа, економијата претрпела штети во износ од 180 милијарди евра, додека споредено со изминатите години, штетите се движеле меѓу 70 и 80 милијарди евра. Георгиева потенцирала дека една од најголемите природни катастрофи е земјотресот во Хаити, во кој загинаа близу 250.000 луѓе. Исто така како голема непогода, таа ги набројала и поплавите во Пакистан, од кои беа директно засегнати околу 20 милиони лица. На крајот Кристалина Георгиева предупредила дека во иднина бројот на природните катастрофи во светот ќе се зголеми.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma