
Познатиот глумец Ештон Качер ќе сведочи против серискиот убиец кој ја уби неговата девојка во 2001 година. Всушност неговото сведочење ќе биде клучно пред обвинителите бидејќи ќе се утврдии точното време на смртта на Ешли Елерин. Актерот скоро никогаш јавно не проговорил за страшното убиство. Качер изјавил дека на денот на убиството погледнал низ прозор и видел црвена дамка во домот на неговата девојка, помислил дека таа истурила вино, не бил свесен дека неговата девојка лежи во локва крв, бидејќи крвнички била избодена 35 пати.