ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

7 декември, 20100

„Човекот се раѓа слободен; а насекаде е во окови. Се замислува дека е над останатите, а всушност е поголем роб од нив“
Жан Жак Русо

Што е финансиска писменост?

Финансиската писменост е најважна алатка за секој кој има намера да стане сопственик на бизнис или професионален инвеститор. Софистицираниот инвеститор треба да биде во состојба да прочита многубројни финансиски документи, пред се извештаите како биланс на успех и биланс на состојба. Денешниот сложен пазар на финансиски услуги им нуди на клиентите широк спектар на производи и начини да ги остварат своите финансиски потреби. Овој степен на избор изискува клиентите да бидат опремени со знаење и вештини да ги оценат опциите и да ги идентификуваат оние кои најмногу им служат на нивните потреби и услови. Финансиската писменост е особено потребна да им помогне на клиентите да разберат како да се заштитат од влегување во трансакции кои се финансиски деструктивни.

Да се биде финансиски писмен не значи само да се биде успешен во градење на бизнис или во инвестирање во хартии од вредност. Секоја индивидуа која заработува, по дефиниција и троши. Една група луѓе трошат колку што заработуваат. Тоа е секако подобро отколку да се задолжуваат, но дали овие луѓе се сигурни во иднината? Дали се сигурни во своето работно место? Што ако утре го изгубат? Втората, секако се оние кои живеат над своите можности и се задолжуваат без да водат сметка за тоа дали е тоа воопшто потребно и дали се во можност да ги враќаат кредитите. Третата, и најретка група луѓе се оние кои мислат на својата иднина и инвестираат во неа. Тие се сметаат за финансиски поинтелигентни и писмени луѓе кои управуваат со своите пари така што умот создава пари, имотот купува имот, бизнисот купува бизнис. За нив не важи правилото: потребни се пари за да се заработи.

Како се стекнува финансиска писменост?

Дали сте слушнале за правилото 90/10? Тоа значи дека 10% од луѓето заработуваат 90% од богатството во светот. 90% од луѓето живеат во финансиски окови. Знаете ли зошто? Одговорот е едноставен: припаѓаат на третата група финансиски интелигентни луѓе.

Запрашајте се Вие самите дали знаете точно колку заработувате, а колку трошите секој месец? Дали трошите повеќе отколку што заработувате? Ако да, веројатно сте задолжени? Дали сепак можете да се воздржите од некаков трошок овој месец и да заштедите? Верувајте, не Ви требаат големи финансиски средства за да влезете во третата група на финансиски поинтелигентни луѓе. Штедењето е вовед во финансиска благосостојба, но илузорно е да очекувате дека доколку и секој ден јадете конзерви и паштети и тргате настрана помала сума пари, ќе се збогатите.

Започнете со промена на начинот на размислување. Одговорете си на прашањето: Што да направам за ги зголемам приходите?

Синергија Плус е прва и единствена агенција за финансиска писменост во Република Македонија. Нашето заедничко применливо искуство во Македонија како и нашата стручна спремност се сплотени заедно со нашиот изграден систем на вредности со цел создавање на практичен систем на неформално образование кој го надополнува она што било пропуштено во формалното.

Во делот на финансиската писменост Синергија Плус верува во враќање на традиционалните македонски вредности на домаќинлак, штедење и трудољубивост. Почитување и повторно вреднување на мудроста на најстарите генерации, мудростите кои важеа како систем на вредности во времето на нашите дедовци и прадедовци. Прифаќање на практичната мудрост на новите генерации и практично применување на се она што е долгорочно издржливо во постоечкиот систем на функционирање на светот на финансиите. Примена на практичната мудрост во личните финансии.

Aвтор: Гордана Гоџо е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi