Колерата на Хаити потекнала од база на ОН

8 декември, 20100

Извор на епидемијата на колера на Хаити, која однесе најмалку 2000 човечки животи, најверојатно е контигент на мировните сили на Обединетите Нации, известил еден француски епидемолог, пренесува агенцијата Асошиејтед прес. Епидемологот Рено Пјару заклучил дека колерата дошла од една притока на хаитската река Артибонит, која протекува покрај место каде биле базирани силите на ОН, на влезот во градот Миребалаис. Како што соопштило Министерството за надвотрешни работи на Франција, Пјару бил пратен на Хаити за да во соработка со домашните здравствени работници, се утврди изворот на заразата. Објаснувајќи зошто се сомнева во базата на ОН, епидемологот изјавил: ”Не може да се најде ниту една друга хипотеза која би ја објаснила епидемијата во ова село, кое не било погодено од земјотресот, а се наоѓа на дестетина километри од камповите за раселени”. Пјару во извештајот што се уште не бил објавен, барал понатамошна истрага за епидемијата и подобрување на медицинскиот надзор и санитарните постапки за трупите на ОН.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi