Германија ќе донира 60 милиони евра за спас на “Аушвиц“

slobodan15 декември, 20101min00
german-flag11

Музејот во поранешниот нацистички концентрационен логор “Аушвиц“ на југот на Полска, наредната година од Германија ќе добие 60 милиони евра во пет годишни рати. Германија на “Аушвиц“ ќе му додели половина од сумата која е потребна за негова реставрација. “Преку донирањето на оваа сума за спас на “Аушвиц“, Германците ја признаваат својата историска одговорност за тоа да се зачува и предаде на идните генерации сеќавањето на холокаустот“, изјавил шефот на германската дипломатија, Гвидо Вестервеле за поклонот наменет за поранешниот логор кој нацистите го изградиле во Полска. Минатата година е основана меѓународна фондација за собирање средства за конзерваторските активности, се со цел за зачувување на логорот.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma