Хрватската полиција изрши упад во куќата на Иво Санадер

9 декември, 20100

Хрватската полиција заедно со припадниците на Управата за сузбивање корупција и организиран крииминал (УСКОК), утринава извршила упад во куќата на поранешниот премиер Иво Санадер, во Загреб, кој синоќа побегна од земјата, јавуваат хрватските медиуми, пренесува Нетпрес.
Адвокатот на Санадер, Мате Матиќ, изјавил дека неговиот клиент е на службен пат и дека ќе се врати за 3-4 дена. Хрватскиот парламент вчера по експресна постапка му го одзеде пратеничкиот имунитет на Санадер, а кратко време потоа истражниот судија Крешимир Девчиќ му изрекол триесетдневен притвор.
“Во неофицијален телефонски разговор со новинар на Нова ТВ, Санадер рече дека заминал на однпред планирано патување“, објавува телевизијата. Според Нова ТВ, Иво Санадер во разговорот не сакал да открие каде се наоѓа, а додал дека знае оти му е укинат пратеничкиот имунитет. Сеуште не се знае за што точно обвинителството го обвинува Санадер, чие име последниве месеци се поврзуваше со бројни афери и тоа од Хипо банката до земање пари од државни компании и министерства преку агенцијата “Фими медија“, па се до приватизацијата на рафинеријата “Ина“. Санадер во повеќе наврати во јавноста ги отфрли сите обвинувања и поврзаноста со аферите и ја обвини премиерката Јадранка Косор за политички прогон и медиумска хајка. Ова е прв пат во историјата на независна Хрватска, кривично да се гони премиер.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi