Кинескиот народ ќе може што поскоро да ги разгледува веб страниците со нивните симболи и знаци. ИКАН го одобри создавањето на домејни кои ги користат само кинеските знаци. Одлуката се базира на претходна работа да се креира интернационализација на имињата на домејни(ИДНс) со користење на нелатински симболи. Меѓу првите беа арапски скрипти за Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои успеаа да регистрираат домејни користејќи ги своите скрипти. ИКАН изјави дека фирмите во Кина, Хонг Конг и Тајван ќе можат скоро да издаваат домејни на луѓе и организации во нивните земји, кои ќе бидат напишани со нивните симболи. “Една петтина од светот зборува кинески и тоа значи дека ние само ќе го зголемиме потенцијалот и пристапноста до интернет за околу една милијарда луѓе”, рече шефот на ИКАН, Род Бекстром. Тој нагласи дека одлуката на некој начин оди кон решавање на контрадикцијата дека 60% од корисниците во мрежата се надвор од англиското говорно подрачје, а сепак доминантен јазик на интернет е англискиот.