Ирански новинар ја тужи Нокиа за телефонски повик кој го сместил во затвор

24 септември, 20100
isa

Новинарот Иса Сахаркиз покрена судска постапка за телефонската компанија Нокиа, конкретно за нејзината надзорна технологија, која им помогнала на иранските власти да го следат и уапсат. Новинарот бил фатен и испратен во затвор пред една година, а неговото семејство тврди дека имал скршени ребра од бруталното тепање во затворот. Новинарот е обвинет за обид да ја собори иранската власт, односно за натпис што го напишал за време на опозициските протести во државата. Иако бил во бегство, органите успеале да го пронајдат, откако накратко го вклучил својот мобилен телефон за да даде интервју.
Бидејќи бил малтретиран и тепан, новинарот покренал тужба против Нокиа во американскиот суд, преку неговиот син во Њујорк. Компанијата ја дала на услуга својата технологија за надзор на иранскиот режим, кој е познат по кршење на човековите права и слободи. Тој вели дека Нокиа им дозволила на властите целосно да го следат него и сите негови телефонски разговори. Компанијата ја продала оваа технологија на Иран, знаејќи дека нема да се користи на начинот за кој е наменета.
Нокиа ја призна продажбата на технологијата на Иран, за која вели дека е стандардна и во согласност со законите, но за нејзината злоупотреба треба да се обвини Иран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi