Najim Abd al-Anbaky од Ирак, ја убил својата ќерка од како добил информација дека таа работи за Ал Каеда. Тој дознал дека имала во план да биде бомбаш самоубиец во еден од плановите на Ал Каеда. Затоа ја убил и го погребал нејзиното тело во близина на куќата, во провинцијата Дијала. Потоа бил уапсен од страна на полицијата, при што тој признал дека ја убил својата ќерка наведувајќи ги и причините за стореното дело.