Јужна Кореја ја одржа најголемата воена вежба оваа година во непосредна близина на границата со Северна Кореја. Северот ја критикуваше вежбата, но не се закани со противнапади, иако тензијата на поделениот полуостров и понатаму е на високо ниво.
Воената вежба траела помалку од еден час, а учествувале 800 војници. Вклучени биле хеликоптери, борбени авиони, тенкови, противтенковско оружје, односно 105 различни видови на оружје. Покрај тоа продолжени се и воените вежби со боева муниција 100 километри јужно од морската граница со Северна Кореја. Реакцијата на Северот беше значително мирна во споредба со минатонеделните закани за одмазда.
Извор: Нетпрес