Каква е вечерата, таков ќе Ви биде сонот

16 ноември, 20100

Храна која ќе Ви го наруши сонот е: конзервираното месо, како што е шунка, виршли, колбаси и сланина. Оваа храна содржи високо ниво на амино киселини, кој дава стимуланс на мозокот, а со тоа не одржува будни и не прави нервозни. Чоколадото, многу луѓе во подоцнежните години се исклучително чувствителни на кофеин, па дури и најмалата количина на чоколадо може да пречи. Чоколадото исто така содржи тирозин, кој врши стимулирање на амино киселина. Енергетските пијалоци, содржат високо ниво на кофеин и амино киселината таурин, која ја зголемува напнатоста и адреналинската секреција. Најновите истражувања покажаа дека дури и конзумирањето на енергетски пијалаци во текот на денот, предизвикуваат немирен сон. Зачинетата храна, кечапот можат да предизвикаат зголемена секреција на желудечната киселина, металоиди и други симптоми кои можат да го искомплицираат и да го нарушат спиењето. Алкохолот, кој може да Ве опужти и да Ве релаксира пред спиење но, неколку часа подоцна ќе предизвикува дехидрација и тера да уринирате, која е причина често се будите.
Храна која се препорачува пред спиење е: Цреши – свежи или суви, ретки се природните извори на мелатонин, супстанција што го контролира нашиот “внатрешниот часовник” и го регулира сонот. Експертите препорачуваат еден час пред спиење да се јаде еден грст овошје. Ако сакате сладок сон во авионот или возило за време на патувањето јадете цреши. Банани, содржат калиум и магнезиум кои се природни ресурси и за мускулната релаксација, а бананите се богат извор на двата елементи. Тост-леб, шпагети … се храна богата со јаглехидрати, која го подобрува лачењето на инсулин, кој предизвикува поспаност. Овесна каша и житни култури, овесот е богат извор на мелатонин, кој многу луѓе го користат како средство за спиење. Топло млеко, богато со калциум и помага за заспивање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *