Една жена од Флорида е казнета бидејќи го офарбала своето куче. Christine Hill за ноќта на вештерките смислила маска за својата пудлица, фарбајќи и ги нозете и опашката со розева боја. Сакајќи да привлече внимание на луѓето, таа го привлекла вниманието на еден службеник, кој и дал казна од 225 долари за сурово однесување кон животните.