Кети Пери беше дивата, која оваа година беше избрана да пее на војската во Сан Диего. Таа пеела пред 27.000- та публика облечена во костим со знамето на Америка. Најавена како дива, таа се обидела да го отпее рефренот од песната “Дива” од Бијонсе, но го прекинала пеењето изјавувајќи Бијонсе е вистинска дива. На крајот им посакала среќни Божиќни празници на војниците, бодрејќи ги да издржат за време на празниците, сами, далеку од своите семејства. Сепак постои интернет комуникација која и таа самата ја користи, како би останала блиску до својот сопруг кога се далеку еден од руг.