Кина го направи вториот најбрз компјутер во светот

24 септември, 20100
nebula

Амбицијата на Кина да стане најголема глобална сила во светот на суперкомпјутерите, беше поттикната кога нивниот суперкомпјутер “Небула” беше рангиран како втор најбрз компјутер во светот. Компјутерот “Небула”, кој е сместен во Националниот центар за суперкомпјутери во Шенжен, може да изврши 1,271 петафлопи во секунда. Еден петафлоп е еднаков на 1.000 трилиони операции. САД и понатаму доминира на листата, држејќи го врвот со својот суперкомпјутер “Јагуар”, чија брзина изнесува 1,75 петафлопи во секунда. САД поседува повеќе од половина од системите на листата, но Кина има вкупно 24 системи, меѓу кои два во првите десет. Компјутерот “Небула” создаден од компанијата “Dawning Information Industry Co., Ltd”, има теоретска брзина од 2.98 петафлопи во секунда, што ќе го направи најбрз компјутер во светот. Суперкомпјутерите од ТОП 500 листата се рангирани врз основа на брзината на перформансите, тестирани со бенчмарк тест, кој се спроведува два пати годишно. Пријавите за тестирање се доброволни, така што тестот не ги вклучува сите компјутери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi