Кина планира на почетокот на 2020 година да испрати експедиција на месечината, изјави Kujang Zijuan, еден од претставниците на кинеската лунарна мисија. Тој додаде дека се планира да се слета на месечевиот јужен пол. Long Lehao, исто така дел од експертите кои работат на овој проект, истакна дека Кина има технички услови да пред 2025 година испрати на месечината два или три космонаути и успешно да ги врати дома. Кинескиот премиер претходно го поздрави успехот на тест летот на сондата Чанг-2, кој во таа прилика ги откри сликите за месечевиот залив (Sinus Iridum).