Најмалку 18 лица се убиени во два поголеми немири и тепачки помеѓу затворениците во североисточен Бразил. Првиот немир избил во затворот Pedrinhas во Sao Luis и траел 27 часа. Во оваа тепачка се убиени најмалку 15 затвореници. До конфликт дошло кога пет полицајци биле киднапирани и имало заложничка драма, но сепак по неколку часа преговори полицијаците биле пуштени и никој од нив не бил повреден. Само неколку часа подоцна од првиот немир, во истиот затвор се случил втор во кој знагинале најмалку 5 затвореници, а полицијата успеала некако да го разбие конфликтот пред да стане поголем како во првиот случај. Затворениците се бунеле против директорот на затворот Luis Henrique Pena de Freitas и барале негово разрешување.