Реставрацијата на Кривата кула во Пиза чинела околу 33 милиони евра и истата се извршувала околу 8 години. Одреден период Кривата кула во Пиза не беше отворена за посетители. Инженерите по цели осум години работа завршиле со реставрирање на Кулата. Со тоа се заврши 20 годишната борба за зачувување на овој познат објект од рушење и му се врати стариот сјај. Кривата кула во Пиза сега е исправена за 40 сантиметри. Главниот реставратор изјавил дека неговиот тим користел ласери, длета и инјекции за да во изминатите осум години ги исчисти сите 24,424 камени блока. Тој се пожалил дека каменот бил многу оштетен, а за тоа допринеле најмногу туристите, птиците и секако загадувањето на воздухот.
Извор: Нетпрес