Lady Gaga била “бесна”, кога дознала дека нејзините камиони кои носеле логистика за најавениот концерт во Париз биле спречени да влезат во градот поради лошото време и големите снежни врнежи, а двајца членови од нејзиниот екипаж се нашле и зад решетки. Овие настани ја приморале Lady Gaga да го откажете својот “Monsterball” концерт кој требаше да се одржи во “Bercy” на 19 Декември. ” Lady Gaga на “Tweetеr” напишала дека сите 28 камиони кои требало да влезат во Париз биле спречени од страна на француската влада, а дел од вработените биле уапсени бидејќи се обидувале по секоја цена да влезат во Париз за да можеле на време да го организираат концертот. “Јас сум бесна и очајна, напиша на својот “Tweet” Lady Gaga.