Lady Gaga го откажа концертот во Париз, дел од нејзините членови на екипажот биле уапсени

Lady Gaga била “бесна”, кога дознала дека нејзините камиони кои носеле логистика за најавениот концерт во Париз биле спречени да влезат во градот поради лошото време и големите снежни врнежи, а двајца членови од нејзиниот екипаж се нашле и зад решетки. Овие настани ја приморале Lady Gaga да го откажете својот “Monsterball” концерт кој требаше да се одржи во “Bercy” на 19 Декември. ” Lady Gaga на “Tweetеr” напишала дека сите 28 камиони кои требало да влезат во Париз биле спречени од страна на француската влада, а дел од вработените биле уапсени бидејќи се обидувале по секоја цена да влезат во Париз за да можеле на време да го организираат концертот. “Јас сум бесна и очајна, напиша на својот “Tweet” Lady Gaga.