Лаптоп за 35 долари
24 септември, 20100
![35-USD-laptop](https://popara.mk/wp-content/uploads/2010/09/35-USD-laptop-610x269.jpg)
Оваа вест ја објави Капил Сибал на прес-конференцијата во Индија. Иноваторот изјавил дека развојот во технологијата е веќе во фаза каде може да се произведуваат многу евтини компјутери. Во овој компјутер можат да се доградуваат компоненти, во зависност од желбите на корисниците. Иако цената е 35 долари, се очекува истата да падне на 20 долари. Компјутерот е создаден во индискиот институт за технологија.