Најдобриот кошаркар во НБА лигата Леброн Џејмс воопшто не го погодуваат критиките од легендите на кошарката како Мајк Џордан, Чарлс Баркли и Меџик Џонсон. Имено тие изјавија дека никогаш не би отишле во тим преполн со играчки ѕвезди, само колку да ја добијат титулата прваци. Леброн изјави дека во последно време се изнаслушал критики за него и дека многу ги почитува тројцата бивши НБА легенди, но дека тој едноставно никогаш не би копирал нивните потези, едноставно јас си ја создавам мојата судбина. Донесов одлука и ќе живеам со неа, биле зборовите на Џејмс, кој ова лето од Кливленд премина во Мајми.