Лош крај на маратонот во пиење во Јужна Африка

1 ноември, 20100

После многу алкохол, забавната ноќ за еден од присутните на маратонот во пиење алкохол завршила трагишно. Jan- Friderick Bredenhand 30, бармен по завршување на маратонот, околу 05:00 часот наутро решил да се поигра со лавовите од паркот во Јужна Африка. Со него бил и неговиот пријател кој присутвувал на гозбата на лавовите но бил немоќен да направи нешто. Jan набрзо сфатил дека се нашол во опасна ситуација и пробал да побегне качувајќи се по оградата, но под дејството на алкохолот неможел брзо да реагира, така што бил повлечен од лавовите. За неколку минути останале само делови од неговото тело, а неговиот пријател панично барал помош. На помош застанал и еден случаен минувач но било невозможно да се направи било што. Сопственикот на паркот морал да пука во лавовите, по само две недели од отварањето на паркот. Портпаролката на полицијата изјавила дека вакви глупави и непромислени работи може само пијан да ги направи, да влезе во паркот на овие диви животни за да се поигра со нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *