Марадона : Ќе ја дадам раката за да бидам повторно селектор

27 септември, 20100

Марадона проговори после Мундијалот, се надева дека ќе се врати на клупата, но истражувањата на јавното мислење кажуваат дека и не е баш добредојден. Марадона после нападот на службениците на федерацијата и наследникот Батиста изјави дека сака освета со Аргентина.”Ќе ја дадам раката да се вратам, не ја завршив мисијата. Разговарав со претседателката на земјата и нејзиниот маж, Навистина се вознемирени што не ми го продолжија договорот”, изјави најдобриот фудбалер во историјата. Меѓутоа, јавноста не е одушевена.Во еден од водечките весници “Clarin”, девет од десет луѓе не го сакаат Марадона за селектор, а гласаа повеќе од 10 000 луѓе. Во “La Nacion” имаше 7000 гласачи , дури 93% се уверени дека е тоа лоша идеја. Се разбира дека бројките ке бидат нешто поинакви , ако анкетата се спроведува и помеѓу помалку образованите кои некористат интернет, но со голема сигурност мозже да се тврди дека голем број од Аргентинците, не би сакале да го видат Марадона повторно како селектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *