Портпаролot на Диего Армандо Марадона ги отфрли информациите дека тој ќе седне на клупата на кинеската фудбалска репрезентација или на некои од тамошните клубови. Во изјавата се соопштило дека Марадона немал остварнео контакти со ниеден клуб или пак претставници на кинеската фудбалска федерација. Марадона дојде во Кина од чисто деловни причини кои немаат врска со продолжувањето на неговата тренерска кариера, иако кинеските медиуми најавуваа дека познатиот аргентинец нема да може да одолее на понудите.