Хрватската танчерка Маријана Барлек дошла до идеја да отвори стручно училиште за стриптиз. Таа изјавила дека е разочарана од страна на одредени институции кои ја исмејувале нејзината идеја за студирање стриптиз. Таа во предлогот кој морала да го достави во писмена форма со програма за три годишните студии, како предмети за изучување освен стриптиз ги набројала и изучувањето на анатомија, историја, психологија, уметност, култура. Епа сега ќе имаме можност да се здобиеме со титулата дипломиран стриптизер.