Еден маж, кој се маскирал како Хилари Клинтон успеал да ограби банка и да побегне. На 27 декември, ограбувачот кој имал маска со ликот на Хилари Клинтон, облечен како жена успеал со пиштол да изнуди пари од банката. Потоа избегал во непознат правец со непозната количина на пари. Од полицијата изјавиле дека трагаат по човекот, за кој имаат информации дека е црнец кој претходно бил виден во близина на банката, облечен во црна јакна со црвена кошула под неа.