Матичните клетки ќе помагаат и кај мозочен удар?

slobodan17 ноември, 20101min00

Истражувачкиот тим, предводен од професорот Keith Muir, на универзитетот во Глазгов на Институтот за невронски мрежи и психологија, се очекува да третираат 11 пациенти на возраст од 60 – 85 години,повеќето мажи, со цел да се докаже дали матичните клетки ќе имаат позитивно дејство врз обнова на клетките на мозокот после мозочниот удар. Операцијата ќе се изведува под општа анестезија, со директно инјектирање на два милиони клетки во здрав регион од мозокот наречен путамен, блиску до местото каде невроните се оштетени од мозочениот удар. Тие се надеваат дека инјектирањето на клетките ќе го стимулираат создавањето на нови мозочни клетки. По таа постапка ќе биде потребно интезивно надгледување на пациентот во период од две години. Прашањето во врска со терапиите од ваков тип, со матичните клетки, дали тие можат да предизвикаат рак се непотребни. Најновото истражување покажа дека е невозможно да се појават тумори. Тие се земени од мозочните клетки од фетус кој е во 12 –та недела. Во оваа фаза на нивниот развој, клетките се посветени да станат мозочни клетки. Што значи стравот дека тие можат да предизвикаат тумор е неоснован.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag