Неименуван маж бил приморан да побара лекарска помош, откако секој пат во текот на сексот добива привремено слепило. Интересно е тоа што, слепилото не настанува во ниту една друга физичка активност кој тој ја обавува. Извештајот од офтамолозите од болницата Глоструп во Копенхаген, ја откриле причината, а тоа е вазоконстрикција на мускулните ѕидови околу крвните садови, кои спречуваат проток на крвта. Вазоконструкција е исто така состојба која предизвикува дисфункција при ерекција. На пациентот на крај му биле дадени лекови кои ке му ги проширува крвните садови и ќе го спречи слепилото. Овој интересен случај дојде до медиумите благодарение на двајца студенти по медицина од Беркли, кои на блогот NCBI ROFL го постираа, а каде главна тема се интересните и невообичаени медицински случаеви од светот.