ММФ си заминува со добри оценки за македонската економија

16 ноември, 20100

Очекувања за зголемен економски раст следната година , зголемување на извозот, солидна кондиција на банките и соодветна макроекономска политика, со вакви оценки за македонската економија денеска Меѓународниот монетарен фонд ја заврши мисијата во Македонија. Шефот на мисијата Вес Мекгру, сепак предупредува дека светската економска криза се уште во целост не заминала и треба да се внимава на надворешни ризици. “Извозот се зголемува, каматните стапки се намалуваат, депозитите се зголемуваат така што има солидна ликвидност на банките. Сето ова придонесува за подобри резултати и зголемување на растот следната година. И веруваме дека целата макроекономска позиција е во добра состојба“, вели Мекгру. Оценките на ММФ, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски, во голема мера се во согласност и со проекците на владата за моменталните состојбите во земјава и како економијата ќе се движи во текот на следната година. “Очекуваме исто така поволните движења на инвестициите да продолжат, тука ќе има влијание и јавниот сектор односно капиталните инвестиции кои оваа година, а посебно следната се проектирани на многу високо ниво. Како што знаете, следаната година планираме зголемување на капиталните инвестиции и заедно со заживувањето на приватната инвестициона актиновст ќе овозможи да се реализира проектираниот раст од околу 3,5 отсто на економијата“, вели Ставревски. Гувернерот на Народната Банка Петар Гошев најави дека и во текот на следата година ќе се продолжи со стабилен курс на денарот и “барање можности за зголемување на кредитниот раст“. ММФ уште една ја изнесе својата понуда до владата за кредитната линија за претпазливост. Мекгру вели дека разговорите во Скопје биле добри, а доколку македонските власти се одлучат да ја прифатат понудата кредитот на Македонија ќе и’ обезбеди поголема доверба кај потенцијалните инвеститори. Но, засега од владата нема одлука. Ставревски вели дека одлуката ќе биде донесена по завршување на процесот на консултации и откако понудата ќе биде разгледана и во рамките на парламентарната расправа за буџетот за следната година.

Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi